Лазаров: Некој да ни го понудеше ова, ќе го прифатевме со две раце

Капитенот Кире Лазаров изрази оптимизам и подготвеност на македонската репрезентација во пресрет на последниот дуел од квалификациите за ЕП 2018, утре против Чешка. На македонските ракометари им треба минимална победа за да го заверат пласманот на ЕП во Хрватска и да го продолжат континуитетот настапи на големите натпреварувања.

„Да ни го понудеше ова некој пред почетокот на квалификациите сигурно дека ќе го прифатевме со две раце. Ни треба победа со еден гол разлика и таа победа ќе ни донесе не само пласман на ЕП во Хрватска туку и прво место во групата и можност за поволна ждрепка, или еден „шешир“ понапред за разлика од секогаш досега кога сме се пласирале на едно големо натпреварување. Мислам дека репрезентацијата е подготвена, владее добра атмосфера меѓу играчите и со нетрпение го очекуме последниот натпревар во оваа сезона. Имавме доволно време да се подготвиме за овој натпревар, имавме доволно видеао материјали да го анализираме противникот и сигурен сум дека утрешниот натпревар ќе го дочекаме подготвени и ќе се обидеме да го дадеме нашиот максимум за да извојуваме победа на утрешниот меч со Чешка и да завршиме на првото место во групата“ – истакнува Кире Лазаров.

Дуелот меѓу Македонија и Чешка е утре со почеток во 20.45часот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во вториот натпревар од нашата група од 18.45 е дуелот меѓу Исланд и Украина.

На едно коло пред крај на квалификациите за ЕП 2018, Чешка е на првата позиција во групата со шест бода, Македонија и Украина имаат по пет, а Исланд е на последното место со четири бода. И сите четири селекции се уште се во игра за место на континенталниот шампионат. Пласнам на ЕП 2018 обезбедуваат првите две репрезентации од секоја група и најдобрата третопласирана селекција од целиот квалификациски циклус.

Се вчитува...