Лазаров: Нема што да загубиме, а можеме дo историја!

arbervil baner

Кире Лазаров на претходните два мундијали ја предводеше Македонија до осминафиналето, но „црвено-жолтите“ не успеваа да ја минат првата пречка во нокаут фазата. Денеска предизвикот е ист, репрезентацијата ни е со изменет и значително подмладен состав, а проблемите се уште поголеми по повредата на Дејан Манасков, како и неизвесниот настап на Филип Миркуловски.

Покажуваме и карактер и квалитет на овој светски шампионат. Ги знаеме квалитетите на оваа репрезентација, сметам дека е поквалитетна од онаа на Исланд, а воедно е и поискусна за едно големо натпреварување во однос на ЕП во Полска. Како и да е, ние влегуваме во овој натпревар свесни дека немаме што да загубиме, а можеме да испишеме историја – доколку за првпат се пласираме во едно мундијалско четвртфинале“ – изјави капитенот Лазаров.

Нашиот најдобар ракометар постигна 12 погодоци на последниот дуел со Норвешка во Краков, а за изненадување во денешното осминафинале ќе биде неопходно тој да биде во сличен ритам, особено ако се земе во предвид фактот дека дури и доколку игра Миркуловски, средниот бек тешко дека ќе може да го даде својот максимум со оглед на незгодната повреда на мускулот.

Се вчитува...