ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија по ремито со Австрија има ден одмор пред продолжување на настапот на Светското првенство кое што се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров даде свое мислење за утрешниот меч против репрезентацијата на Катар.
„Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА