Лазаров од Тиквеш преминува во хрватски Рудеш

Македонскиот фудбалер и досегашен член на Тиквеш, Андреј Лазаров следната сезона ќе настапува во Хрватската суперлига во дресот на Рудеш.

Оваа информација ја потврди клубот од Кавадарци на своите социјални мрежи.

„Како клуб кој ги афирмира и едуцира младите фудбалери во професионалци, чест ни е да ја објавиме веста дека досегашниот наш фудбалер Андреј Лазаров, потпиша договор со новиот прволигашот “Рудеш” од Хрватска, клуб во кој играл и Роберт Просинечки. Му се заблагодаруваме за двегодишниот ангажман на Андреј и му посакуваме успешна сезона! ГФК “ТИКВЕШ 1930” и во иднина ќе биде отскочна даска за сите млади талентирани фудбалери…“, стои во соопштението на Тиквеш. 

Се вчитува...