Подобрувањето на играта во одбрана ќе биде акцентот во работата на македонскиот национален тим во следните неколку дена до стартот на СП, откако на последните контролни средби со Хрватска и со Израел беа очигледни проблемите во нашата дефанзива.
Селекторот Лазаров истакна дека комплетно гледано е задоволен од она што го видел од своите избраници, но и дека дефинитивно има простор за напредок во одбраната. Сепак, тој порача на јавноста дека поголемиот број примени голови треба да станат нормална работа, кога селекцијата почнува да игра модерен и исклучително брзо ракомет во кој почесто се тресат мрежите и на двете страни.
„Одигравме квалитетен турнир со квалитетни противници. Имаме еден слободен ден и потоа почнуваме со подготовки за конкретни работи за следните два противника (Норвешка и Холандија). Задоволен сум од сработеното во текот на подготовките, како и од прикажаното на контролните натпревари. Одбраната ќе ја поправиме, но треба да знаеме дека играме во силен ритам во текот на сите 60 минути. Во едно такво темпо, нормално е да се дава и прима повеќе голови. Во секој случај, има голем простор за напредок во нашата дефанзива, ќе работиме на тоа до почетокот на светското првенство“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА