Кире Лазаров одигра извонреден натпревар во дресот на Нант на дербито на гостински терен против Монпелје, во кое тимот на Македонецот по голема борба стигна до победа од 28-29.
Нант водеше во целото второ полувреме, но малиот пад во концентрацијата им овозможи на домаќините да се вратат. За среќа, гостинскиот состав на голот го имаше расположениот Нилсен, кој одбрани два зицери во последната минута, задржувајќи ја минималната предност, воедно и претворајќи ја во огромен триумф над директниот ривал за второто место на табелата.
Лазаров беше одличен, постигнувајќи пет гола со само едно промашување, во последниот меч на нашиот капитен во 2019 година. Тој во следните денови ќе пристигне назад во Македонија, но ќе добие и одмор од селекторот Брестовац, па ќе се приклучи на подготовките на националниот тим за ЕП 2020 дури од 2 јануари, кога репрезентацијата ќе замине за Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА