Кире Лазаров уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите десни бекови во Европа, особено на клучните натпревари од Лигата на шампионите. Нант денеска гостуваше во Белорусија на тимот на Брест Мешков во првиот осминафинален дуел од ЛШ, а францускиот тим предводен од Лазаров стигна до убедлива победа од 24-32, со која широко си ги отвори вратите кон четвртфиналето.
Нант одржуваше минимална предност од самиот почеток, а Брест Мешков одржуваше резултатска неизвесност во првото полувреме, па на одмор се замина со само два поени предност за тимот на Лазаров (14-16). Во вториот дел францускиот претставник заигра далеку подобро во одбраната, што му овозможи да постигне и неколку лесни погодоци и уште повеќе да ја зголеми предноста, се до конечните 24-32.
Кире Лазаров го заврши натпреварот со пет гола и само едно промашување, па беше меѓу најзаслужните за убедливата победа заедно со голманот Думулан и најдобрите стрелци Хансен и Клајн, кои постигнаа по шест погодоци.
Доколку го мине Брест Мешков, тимот на Нант во четвртфиналето од ЛШ ќе се сретне сo подобриот од двомечот Скјерн – Веспрем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА