Поранешниот репрезентативец на Македонија, а сегашен терен, Филип Лазаров останува на кормилото на Интерактив по успешната сезона во која успеа да го доведе својот тим ранг погоре во германските ракометни натпреварувања.
Новиот договор на Македонецот го потврдија и од клубот на големо задоволство на двете страни.
„Ова ќе биде моја осма сезона во клубот, и се уште сум тука со голема страст. Токму поради тоа, мојата мотивација и чувството на одговорност постојано се на високо ниво. Главната причина зошто продолжувам е успешната сезона што сe уште трае. Имам чувство дека започнавме да пишуваме нова приказна.
Третина од нашиот сениорски тим доаѓа од нашите младински категории – тоа е огромен успех за нас. Токму тоа е нашата долгорочна цел: да обезбедиме што е можно повеќе талентирани играчи од нашата школа, кои веќе покажаа одлични партии во оваа сезона“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА