Селекторот Кире Лазаров ниту за овој репрезентативен собир не го повика Дејан Манасков, а кормиларот на националниот тим на денешната прозивка ја обелодени и причината за ваквиот став.
„Со Манасков имавме едно непријатно искуство, пред почетокот на СП и потоа за време на СП. Затоа е и таква мојата одлука – шанса да им дадам на помладите играчи“, истакна Лазаров.
Добра вест за националниот тим е враќањето на Филип Талески, кој се враќа во репрезентацијата откако не настапи на последниот двомеч со Португалија.
„Талески побара одмор за двомечот со Португалија од РФМ и од мене како селектор, тоа му беше дозволено. Сега се врати и очекувам добри партии“, прокоментира селекторот Кире Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

