Кирил Лазаров, Горан Пандев, Перо Антиќ и селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалес се меѓу кандидатите во категоријата за најголем придонес во спортот од изборот за „Маж на годината 2018“ кој оваа година за првпат се организира во Македонија.
Изборот на мажи на годината е со цел да мотивира дополнително во правец на поместување на сопствените граници, како мотив плус за иден успех како на личен така и на прфоесионален план, притоа создавајќи еден нов имиџ во својата област на дејствување но и во бизнис задницата.
Токму затоа ќе се бира во неколку категории и тоа ‘Маж на годината’, ‘Маж со трајни вредности’, ‘Маж менаџер на годината’, ‘Странец менаџер на годината’, ‘Млад менаџер на годината’, ‘Маж со најголеми достигнувања во културата’, Маж со најголеми достигнувања за општеството’, ‘Избор на маж според социјални медиуми’ и ‘Маж со најголеми достигнувања во спортот’.
Во категоријата ‘Маж со најголеми достигнувања во спортот’ покрај Лазаров, Пандев, Антиќ и Раул Гонзалес меѓу кандидатите се и селекторот на сениорската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, кик-боксерот Димитар Георгиев, автомобилистот Игор Стефановски, итн.
Околу победникот во оваа категорија ќе одлучува специјално жири, притоа со номинирани предлози согласно критериумите според барањата на организаторите. Централниот настан со прогласување на најуспешните во соодветните категории од манифестацијата „Маж на годината 2018“ ќе се одржи на 28. ноември во „Тренд Гастро Бар“. Идејата за реализација и организација на еден ваков проект е на единствениот онлајн машки магазин кај нас FRIDAY.MK и агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC., а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА