Нант го осигура третото место во францускиот шампионат, откако екипата на нашиот Кире Лазаров вечерва како гостин го совлада Шамбери со резултат 25-29.
Ова беше меч решен уште во првото полувреме во кое Нант поведе со 10-17 благодарение на извонредниот голман Думулан, што им овозможи на Лазаров и соиграчите во вториот дел да сочуваат дел од силите за претстојниот предизвик – полуфиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ, меч што ќе го играат в сабота во „Ланксес арена“ во Келн.
Лазаров беше максимално ефикасен од линијата за седум метри, реализирајќи пет пенали за Нант, постигнувајќи вкупно шест погодоци на оваа средба. Покрај Лазаров шест гола постигна и Турнат, додека Думулан го заврши мечот со 16 интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА