Кире Лазаров и Нант забележаа лесна и убедлива победа на гостувањето против Шамбери (26-35). Откако во двете претходни кола останаа без триумф (едно реми и еден пораз), Лазаров и соиграчите овојпат не дозволија изненадување, одиграа одличен натпревар и заслужено се радуваа на победата.
Гостинските ракометари целата работа ја завршија уште во првото полувреме, кога нападот на Нант функционираше беспрекорно, овој тим постигна 20 гола и стигна до двоцифрена предност (10-20). Потоа, на избраниците на тренерот Ентрериос во вториот дел им остана полесниот дел од задачата рутински да ја одржуваат позитивата, за лесна победа на ова гостување.
Кире Лазаров постигна пет гола со перфектен ефект 5/5 (четири од нив од седмерци), македонскиот капитен имаше и две асистенции, a поефикасен од него во таборот на Нант беше единствениот Балагер со шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА