Лазаров по последниот меч во кариерата: Горд сум на се што постигнав, чест ми е што играв во Франција

Кире Лазаров го одигра последниот меч во неверојатната кариера, што за жал не беше крунисан со трофеј бидејќи неговиот Нант загуби од ПСЖ во финалето од Купот на Франција.

Токму македонскиот репрезентативец беше во центарот на вниманието по самиот крај, давајќи изјава пред победниците на големото финале.

„ПСЖ одигра навистина добро, тоа беше одличен натпревар и заслужено победи. Тие се квалитетен тим, згора на тоа и беа одморени и добро се подготвија за овој дуел бидејќи имаа доволно време, додека ние се боревме за второто место. Беа многу добри и нема дилема дека заслужено победија. Ова ми е последен меч во кариерата, искрено повеќе жалам за Нант, што како тим не освоивме пехар отколку за мене самиот. Горд сум на се што постигнав низ годините и слободно можам да кажам дека ми е чест што играв во Нант, што играв во Франција“, изјави Лазаров веднаш по одигрувањето на последниот натпревар во кариерата.

Се вчитува...