ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Со Кире Лазаров на чело нашите ракометари истрчаа на загревање во „Арена“ во Вараждин, почнувајќи ги подготовките за претстојниот дуел против селекцијата на Чешка, што ќе стартува во 20.30 часот.
Информациите од нашиот национален тим се дека Лазаров се чувствува многу подобро и би можел да помогне во извесен дел од мечот, но сигурно нема да може да ги одигра сите 60 минути бидејќи повредата е далеку од целосно санирана.
Сепак, самото излегување и загревање со остатокот од тимот е добар предзнак – дека капитенот ќе стисне заби за да помогне барем во одреден дел на мечот, кога селекторот Гонзалес ќе оцени дека неговата помош е најнеопходна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА