Лазаров: Подобри сме од Луксембург и заслужено победивме, во недела пред полна сала да го прославиме пласманот на ЕП!

Македонската ракометна репрезентација и официјално си го завери билетот за Европското првенство 2014 по вчерашната победа на гостувањето против Луксембург.

Избраниците на Кирил Лазаров во недела, сега, од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ги очекува само уште последниот квалификациски дуел против Турција само колку за одбележување на пласманот на собирот на најдобрите следната година во Германија.

Македонскиот селектор по синоќешниот натпревар истакна дека очекувал тежок дуел, но верувал во победата, а сега посакува полна сала во Скопје за финализирање на овие квалификации.

„Јасно е дека никогаш не е лесно со вакви натпревари, посебно кога отворено ја носите фаворитската улога. Ние сме подобри од Луксембург и тоа се покажа на терен, но секогаш е потешко да дојдеш до победа кога не играш дома, пред своите фанови. Очекував тежок натпревар, но најважно е дека бевме фокусирани и концентрирани во текот на сите 60 минути. Ја искористивме големата ротација и победивме“ – истакна Лазаров притоа дополнувајќи:

„Во Скопје сега посакувам полна сала и со нова победа и на најдобар можен начин да го заокружиме овој квалификациски циклус“.

Македонија на првиот меѓусебен натпревар во квалификации ја победи Турција на гостински терен со 27-36.

Се вчитува...