Ракометниот вицешампион на Македонија, Алкалоид го забележа и вториот пораз сезонава во Лигата на Европа откако вечерва на домашен терен во 3. коло загуби од данскиот Бјерингбро Силкеборг со 23-31.
Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров по мечот вели дека повторно големиот број промашени пенали го чинеше неговиот тим пораз.
„Пред мечот кажав дека Силкеборг е во топ три тима во силното данско првенство, но сепак сум разочаран бидејќи повторно промашивме голем број пенали. Едноставно не може да се добие еден ваков меч со пет промашени пенали. Квалитет кај нас е тоа што можеме да изнудиме пенал, но мора и да почнеме да ги погодуваме. Сепак, ова е одлично искуство за нас како млад тим, но мора да учиме од грешките. Навистина не знам што е проблемот на домашните мечеви, дали притисокот од публиката, но тоа е што е. Задоволен сум од поддршката што ја имаме и наша цел е да продолжиме со работа и да учиме што побрзо. Ова ќе ни биде голема школа бидејќи имаме сила што можеме оваа сезона да играме во групна фаза“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА