Лазаров: Прифаќаме критика, следува главната битка против Аргентина

Ракометната репрезентација на Македонија утре против Аргентина ја очекува клучниот натпревар за пласман во втората фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. По синоќешниот тежок пораз од Холандија и непроспиената ноќ, селекторот Лазаров ги сумира впечатоците од натпреварот против „лалињата“.

„Прифаќаме критика и тоа треба да е така. Во моментов Холандија е подобра од нас и тоа сите го знаевме. Разликата од десет голови не е реална и моравме да изгубиме подостоинствено. Грешевме и во одбраната и во нападот и многу избрзани технички грешки. Оваа е нова генерација и нова репрезентација која треба да созрева на големите натпреварувања. Различни се квалификациите и турнирскиот систем. Мислам дека ова Светско првенство кое што тешко го обезбедивме добро ќе им дојде на младите ракометари. Дојдовме со цел да ја помине првата фаза“, вели Лазаров. 

Околу утрешниот противник тој смета…

„Утре е главната битка со Аргентина кој е екстра противник. Покажа досега дека игра цврст и силен ракомет. Тука некаде сме со квалитетот и мислам дека доколку сакаме да победиме мораме да одиграме максимално квалитетно. Треба да учиме на грешките и имаме многу простор за напредок. Ако сакаме утре да славиме мораме да бидеме фокусирани и сконцентрирани и да играме без емоција. Имаме шанса утре и се надевам дека ќе бидеме комплетни. Доколку има шанса Томи Јагуриновски ќе биде на располагање, но не сме се уште сигурни“, изјави Лазаров. 

Се вчитува...