Кирил Лазаров и неговиот Нант ќе играат против Барселона во полуфиналето на фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампиони, одлучи денешната ждрепка. Лазаров токму со Барселона ја освои единствената титула во елитното натпреварување, а по сензационалната елиминација на Веспрем во четвртфиналето, од Нант се надеваат дека можат да направат уште едно изненадување.
Во вториот полуфинален натпревар Раул Гонзалез и Пари Сен Жермен ќе играат со данскиот Алборг. Полуфиналните натпревари на Ф4 турнирот во Келн ќе се играат на 12. јуни, додека натпреварот за трето место и финалето се закажани за ден подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА