Лазаров прозиваше: По победи над Луксембург и Турција за печат на второто место во групата

Селекторот Кире Лазаров денеска ја изврши првата прозивка во националниот тим пред завршните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против селекциите на Луксембург и на Турција.

Двата порази од Португалија се оставени зад нас, а во националниот тим владее позитивна атмосфера, со желба со две победи да се запечати пласманот на европскиот шампионат за одржување на континуитетот од настапи на големите натпреварувања.

Гоце Георгиевски се враќа во националниот тим и во последното коло против Турција ќе стави крај на одличната репрезентативна кариера, а во однос на претходните средби со Португалија селекторот Лазаров повторно на располагање ќе ги има и Талески и Пешевски. Од списокот што го објави селекторот поради повреди отпаднаа двајцата пивоти на Алкалоид, Петров и Стојковиќ.

Македонската репрезентација гостува кај Луксембург на 26 април од 20:15 часот, додека последниот меч е закажан за 30 април во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот против Турција.

Се вчитува...