Ракометната репрезентација на Македонија вчера го имаше првиот официјален собир пред двомечот во баражот за Светското првенство во кој ќе играме прво со Романија.
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров истакна дека пред нашата селекција претстои голем предизвик, укажувајќи на тоа дека Романија е тим кон кој треба да се пристапи со целосен респект.
„Уште по пласманот на ЕП, знаевме дека што и да се случи ќе играме бараж за СП. Тоа го знаев уште пред да станам селектор. Романија е селекција кон која треба да се пристапи со целосен репсект. Тие го имаат Чави Пасквал за селектор, легендарно ракометно име, човек кој беше тренер 12 години во Барселона, а тоа доволно збори за неговата големина. Што се однесува до нашиот тим имаме нови ракоменти имиња, млади играчи со голем потенцијал. Веќе направивме видео анализа и сум сигурен дека ќе одиграме два одлични бараж натпревари, оваа селекција на Македонија е подготвена да го даде најдоброто од себе“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА