Ракометниот спектакл во главниот град каде силите си ги омерија легендите и сегашната репрезетација на Македонија беше од хуманитарен карактер со тоа што сите собрани средства ќе бидат донирани за СОС Детското село.
Говорејќи за мечот легендата на македонскиот ракомет, досекогашниот голгетер, а сега селектор Кирил Лазаров ја пофали организацијата и додаде дека се надева дека идните генерации ќе го надминат успехот на неговите досекорешни соиграчи.
„Одличен потег на организаторот, на Ракометната федерација на Македонија за ова што се организира вечерва. Повеќе од 15 години сме на голема сцена, сме во репрезентацијата. Го одржуваме македонскиот спорт и се обидуваме тоа да биде уште подобро во иднина. Се надевам дека овие млади ракометари дека ќе бидат уште подобри и од нас“, вели Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

