Лазаров: Се смеам, но жал ми е… Македонскиот менталитет и главата не чинеа и ова првенство за ТОП 12!

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија стигна до првата победа на ЕП 2026 откако по голема борба славеше над Романија со  24-23, стигнувајќи до третото место кое ќе донесе и улога на носител во ждрепката за вториот бараж за СП 2026.

Селекторот Кире Лазаров по мечот даде свое видување на случувањата на теренот во Хернинг…

„Сум задоволен од тоа што победивме и кога ќе сумираме се треба да сме задоволни од тоа што направивме во овие три натпревари. Видовте дека Романија е цврста и силна репрезентација. Се смеам, но жал ми е што почнавме добро и како да се изненадивме дека уште во прво полувреме може да водиме и седум разлика. Како тренер се чувствував немоќно по првото полувреме бидејќи бевме многу подобри, но промашените зицери не чинеа. Мислевме дека во второ полувреме ќе бидеме подобри, но не беше така. Не сакам само да звучам како да се жалиме, но Маркоски ни се повреди, Аларов доби црвен картон. Сепак, не беше проблем нашата дефанзива, туку нашиот напад, видовте дека нивниот голман беше одличен. Се надевав дека ќе добиеме малку повеќе разлика, но тоа е што е. Надежта последна умира, но знаете 17 разлика е невозможно. Можевме да направиме повеќе и поради тоа жалам. Сакавме во топ 12 и заслуживме, но тоа е што е. Завчера требаше да имаме напад за победа, сега исто. Лани во Вараждин исто имавме добиени натпревари. Македонскиот менталитет и главата повторно не чинеа. Кога ќе слегнат емоциите ќе видиме што сме направиле“, изјави Лазаров. 

Се вчитува...