Лазаров се врати, Нант победи

Кире Лазаров го одигра својот прв меч за Нант во новата година, помагајќи неговата екипа да слави убедливо над Истрес со 38-27. Македонскиот ас не беше дел од тимот на последниот меч од ЛШ на кој Нант беше шокиран на домашен терен од Целе, но вечерва му беше на располагање на тренерот Ентрериос, за првпат по завршувањето со настапот за Македонија на СП 2021 во Египет.

Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме, во кое Нант поведе со убедливи 19-13, по што домашните ракометари продолжија со добра игра до крајот на мечот, триумфирајќи со двоцифрена разлика.

Ентрериос ги изротира сите ракометaри кои беа дел од записникот на овој натпревар, Лазаров го заврши мечот со два гола од четири обиди, а најефикасни беа Шпанците Ривера со девет и Фигерас со шест погодоци.

Се вчитува...