Лазаров се врати во Барселона и „лапна“ нова награда

Кире Лазаров само неколку месеци по заминувањето од Барселона се врати во „Блауграна“, овојпат како гостин со екипата на Нант.

Македонецот мина четири фантастични сезони во дресот на каталонскиот гигант, а неговата посета беше искористена за да му биде врачена награда, онаа за најдобар десен бек во шпанската АСОБАЛ-лига минатата сезона.

Лазаров и соиграчите одиграа едно одлично полувреме во Барселона (13-16), за потоа во вториот дел да постигнат само девет гола и на крајот да претрпат пораз од 31-25. Лазаров со четири гола беше меѓу најдобрите поединци на Нант при овој пораз.

Се вчитува...