Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров веднаш по денешниот осминафинален дуел искажа задоволство од начинот на кој Македонија се претстави во Франција, но потенцираше разочараност затоа што некомплетни ја дочекавме средбата со Норвежаните…
Лазаров е убеден дека доколку бевме со Манасков и Миркуловски во тимот, Македонија сега ќе играше во четвртфиналето на Мундијалот.
„Мора да кажам дека сигурен сум дека доколку бевме со Деки и со Жути денеска против Норвешка сега ќе игравме во четвртфиналето. Норвежаните воопшто не се така доминантна селекција, како што зборува резултатот, но хендикеп за нас беа повредите. Штета. Но, главите горе, мислам дека квалитетно се претставивме на Мундијалот, имавме одлични натпревари и треба да веруваме во оваа генерација која е пред нас. Ни следат детални анализи на се што се случуваше тука, но мислам дека сега наредно. веќе чекорејќи по зацртаниот пат, сигурно ќе играме и на Европското првенство во Хрватска“ – рече Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА