ЕКИПА во Букурешт,
Стеван Цаневски
Македонскиот селектор Кире Лазаров се реши за една измена во составот за денешниот реванш во Букурешт, во однос на првиот дуел со Романија во Скопје.
Ненад Костески ќе добие шанса на теренот откако првиот меч го следеше од трибините, а се очекува десното крило на Пелистер да добие и соодветна минутажа за време на натпреварот, откако Гоце Георгиевски ги одигра речиси сите 60 минути во Скопје. Костески ќе го заземе местото во тимот на младиот Митев, кој беше во составот, но не доби шанса за настап на првата средба со Романија.
Македонија ќе настапи на денешниот реванш во состав: Митревски, Томовски, Стоилов, Лазаров, Ц. Кузманоски, Талески, Миркуловски, Маркоски, Ф. Кузмановски, Костески, Георгиевски, Ојлески, Младеновиќ, Пешевски, Јагуриновски, Атанасијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА