Лазаров со една измена во составот за Романија

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Гоце Ојлевски ќе биде во составот и најверојатно ќе дебитира за Македонија на овој европски шампионат откако искусниот ракометар вчера пристигна во Хернинг и веднаш му се стави на располагање на селекторот Лазаров.

Се соочивме со неочекуван проблем откако останавме без двете леви крила, Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов, па второто полувреме против Португалија на оваа позиција играше Павле Атанасијевиќ.

Ојлески е вклучен во составот за денешниот меч на местото на Петар Атанасијевиќ, а интересно е што Џонов е исто така на списокот, иако се минимални шансите овој ракометар да настапи денеска против Романија.

Се вчитува...