Лазаров со една измена за Литванија, Галевски ќе дебитира за А-репрезентацијата

Кире Лазарoв ги откри картите за денешниот дуел во Литванија, за кој македонскиот селектор се реши да направи една промена во составот во однос на премиерниот меч со Естонија.

Мартин Томовски нема да настапи на дуелот во Вилнус, а на негово мeсто во официјалниот протокол се најде Иван Галевски, младиот и талентиран голман кој блеска во дресот на Алкалоид.

Галевски го следеше триумфот над Естонија од трибините во СЦ „Борис Трајковски“, но денеска ќе има можност да дебитира за сениорската репрезентација откако имаше низа одлични настапи во младите селекции во последните две години.

 

Се вчитува...