Лазаров со една промена во составот во однос на дуелот во Злин

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 19 часот го игра клучниот натпревар во желбата да се дојде до настап на Светското првенство. Реванш-дуелот против Чешка, по оние 24-24 во Злин од пред четири дена, треба да го трасира мундијалскиот пат за Кире Лазаров и неговите избраници.

Селекторот Лазаров го избра и составот за денешниот натпревар, со една измена во однос на натпреварот во Чешка. На местото на Марко Митев во составот е Михајло Младеновиќ.

Средбата во СЦ Борис Трајковски вечерва ќе биде последен натпревар во националниот тим за Лазаров и Филип Муркуловски, со надеж дека ќе имаат мундијалско збогување од националниот дрес.

Се вчитува...