ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Македонската ракометна репрезентација го одработува последниот тренинг пред утрешниот свој прв натпревар на Европското првенство 2020 против Украина.
Иако не ги одигра пријателските дуели во Словенија, се очекува капитенот Кирил Лазаров да биде комплетно подготвен за утрешната средба со Украинците. Лазаров вечерва во Виена почетокот од тренингот го одработи индивидуално, потоа дополнително приклучувајќи се на репрезентативните соиграчи… Иако, очигледно е дека селекторот Данило Брестовац сервира повеќе релаксирачки последен тренинг за ракометарите пред утрешниот значаен натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА