Лазаров со Нант го освои првиот пехар пред стартот на новата сезона

Кире Лазаров со Нант ја почна жетвата на трофеи пред стартот на новата сезона. Францускиот тим трета година по ред е победник на претсезонскиот турнир „Шпаркасе Куп“ во Германија.

Во финалето на турнирот, Нант славеше минимална победа против Гепинген (27-26). Францускиот тим имаше контрола на играта и на резултатот и во поголемиот дел од натпреварот, убедлива предност. Гепинген успеа да се приближи во финишот, но не и да ја загрози победата на актуелниот европски вицешампион.

За Нант ова е четврта победа во серија во подготовките пред стартот на новата сезона. На првата контрола во Лисабон, францускиот тим ја победи Бенфика, а потоа избраниците на тренерот Тиери Анти постигнаа три победи по ред на „Шпаркасе Куп“, против Штутгарт, Есберг и во финалето против Гепинген.

Следна проверка за тимот на Нант ќе биде дуелот против Шартр во Франција, а потоа Лазаров и некогите клупскио колеги ги очекува настапот на турнирот во Стразбур на кој ќе игра и Вардар.

Се вчитува...