ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, не го криеше задоволството по стартниот триумф над Јапонија, иако победата според него е поубедлива од реалните случувања на теренот.
„Победивме убедливо, конечната разлика од девет гола е поголема од случувањата на теренот бидејќи 50 минути се мачевме да го скршиме нивниот отпор за на крајот да успееме да стигнеме до победата. Лично не ми се допаднаа некои работи, особено неколку неодговорни шутеви во моментите кога обезбедувавме посолидна предност, но сите знаеме дека ова е една нова, подмладена репрезентација и дека вакви работи ќе се случуваат за уште повеќе да созреваме и да напредуваме. Мислам дека е очигледно, имаме недостиг на квалитет, а тоа можеме да го надополниме само со патриотизам и со национален набој како што беше случај денеска. Одиме понатаму, ништо не е променето, одиме чекор по чекор во обид да стигнеме до втората рунда. Следен е дуелот со Бахреин, кој сигурно нема да биде лесен за нас“ – истакна Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА