Лазаров со порака: Ајде да уживаме, немаме што да загубиме…!

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија денеска го почнува настапот на ЕП 2026, и тоа со дуел против главниот кандидат за златниот медал на шампионатот, селекцијата на Данска.

Актуелниот светски и олимписки првак ќе ја има фаворитската улога, а селекторот Лазаров ќе стори се за да го намали притисокот врз нашиот тим, со порака до своите ракометари – уживајте во дуелите со најдобрата селекција на денешницата.

„Го играме првиот меч против најдобрата репрезентација, не само сега, туку најдобрата селекција во светот во последните десет години. Возбудени сме што ќе играме со нив, Данците згора на тоа се и домаќини, со што уште повеќе ќе ни ја отежнат задачата. Сепак, немаме што да загубиме, треба да излеземе на терен и да се обидеме да уживаме во овој натпревар“, порачува Лазаров.

Дуелот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва со почеток во 20.30 часот.

Се вчитува...