Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави поширокиот список со 35 ракометари во пресрет на почетокот од квалификациите за ЕП 2024. Македонија на првиот натпревар во Скопје ќе ја пречека против селекцијата на Луксембург на 12.10 (среда), а четири дена подоцна во Ван ќе гостува на репрезентацијата на Турција.
Ова ќе бидат први официјални дуели откако на баражот со Чешка репрезентативните кариери ги завршија Кире Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов.
Во националниот тим по повредата се враќа Дејан Манасков, а се очекува во наредните денови Лазаров да го објави и скратениот список на играчи кои ќе се појават на подготовките за претстојниот двомеч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА