Селекторот Кире Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракомети кои ќе бидат во комбинација за настап на бараж-двомечот со Чешка, за пласман на претстојниот ракометен мундијал.
На списокот се наоѓаат играчите кои го понесоа товарот во претходниот бараж со Романија, а новост е вклучувањето на Иван Џонов од Пролет и Милан Лазаревски од Тримо Требње. Лазаров дополнително ќе објави скратен список на играчи кои ќе се појават на подготовките на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА