Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави скратениот список од 22 ракометари за квалификацискиот двомеч против Португалија за пласман на Европското првенство во 2024 година во Германија.
На списокот се најде двоецот од Еурофарм Пелистер Mарио Танкоски и Мартин Велковски кои не беа дел од репрезентацијата на Светското првенство во Полска. Велковски поради повреда подолг период е надвор од терените, додека Танкоски со одличните партии во дресот на Битолчани заслужи кам-бек во националниот дрес. Од претходно познато е дека на овие мечеви Лазаров нема да смета на Дејан Мансков и Гоце Георгиевски.
Првиот собир е закажан за во недела од 16 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Првиот меч Македонија го игра на домашен терен на 9. март, додека реваншот е за три дена во Порто. И двете репрезентации стартуваа со две победи, нашата репрезентација ја дели само една победа до посакуваниот нов пласман на континенталните натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА