Кире Лазаров и пред натпреварот со Турција предупредуваше дека многу работи во нашата игра мора да се подобрат, тоа не се случи, па казната стигна со денешниот дебакл во Кожани против селекцијата на Грција. Капитенот максимално разочаран по ваквиот исход не ја криеше тагата што репрезентацијата ја разочара целокупната македонска јавност со денешното очајно издание.
„Она што го говорев по дуелот со Турција, дека многу грешиме и мораме да играме далеку подобро, очигледно не ме разбраа и послушаа па денеска ги повторивме истите грешки. Секако дека сум разочаран, одигравме ште еден многу слаб натпревар во кој бевме далеку од нивото на кое знам дека можеме да играме. Потфрливме на мечот на кој моравме да победиме, ова е срамен пораз и шлаканица за сите нас. Има уште да се игра во овие квалификации, шансите за ЕП воопшто не се загубени, но ќе мора да смениме многу работи во пристапот и играта на наредните дуели“ – изјави капитенот на македонската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА