Лазаров: Умерени оптимисти сме, ќе го дадеме најдоброто од себе на ЕП

Стартуваат подготовките на ракометната репрезентација за престојното Европското првенство, во кое Македонија се најде во група со Данска, Португалија и Романија. Денеска селекцијата го имаше и првиот собир во хотелот Александар Палас.

Селекторот Кире Лазаров ги истакна своите очекувања од шампионатот кој се игра во јануари, а во кои Македонија ќе игра во Херниг. Лазаров рече дека максимално ќе се респектираат сите противници и дека селекцијата ќе го даде најдоброто на престојното Европско првенство.

„Во континуитет не знам по кој пат играме на едно големо натпреварување, и е многу важно за македонскиот спорт и за ракометот и за навивачите од кои ја добиваме поддршката. Не Европското првенство се најдобрите репрезентации во Европа. Можам да кажам дека Европското пренство е поквалитетно од Светското, така да нема што да се жалиме, групата е таква каква што е, и не можевме да очекуваме полесна група од трет шешир. Ја добивме Данска, светскиот и олимпискиот шампион, и ја добивме Португалија каде на последното СП играше полуфинале и се бореше за медал. Тука е и Романија… Спортски е да се надеваме, да го дадеме најдоброто од нас, ќе имаме квалитетни подготовки, ќе имаме добри услови од ракометната федерација. Составот е тој, Милан Лазаревски ќе фали поради тоа што е е недолечен, и нема одиграно ниту еден меч со Вардар, и  затоа шанса ќе добијат други играчи. Имаме долго време да се подготвиме. Не е конкретно и реално да даваме преоптимистички изјави, но ќе кажам дека најдобро ќе се спремиме, ќе го дадеме најдоброто од нас. Данска е домаќин, и покрај тоа што е фаворит, ќе дадеме се од себе. Во Португалија ракометот е во подем, голем број од играчите настапуваа на Светското првенство, и поискусни се за една година, имаме доволно време и мораме да бидеме умерени оптимисти, иако ситуацијата не е таква. Романија исто така нема да ја потцениме, и максимално ќе ја респектираме“, рече Лазаров.

Селекторот го соопшти планот на подготовките за престојниот европски шампионат, во кој Македонија ќе одигра и неколку контролни натпревари.

„Полека го градиме овој победнички менталитет и карактер што не е лесно. Респект максимален за сите, но спортски е да се надеваме. Имаме доволно време за подготовка, и веќе се познаваме подобро. Очекувам поддршка за овие млади момци, имаме 1-2 поискусни кои се над 30 години, додека другите се под таа граница. Особено на нив им е потребна поддршка, затоа што ако ја почувствуваат поддршката, верувам дека тие ќе вратат со позитивен исход. Јас како селектор сум подготвен да ги истрпам сите критики. Одиме чекор по чекор, ден по ден во овие подготовки. Ќе играме пријателски натпревари со Хрватска, играме со Бахраин, Швајцарија, Украина, и ќе имаме уште еден тест. Ќе одиме малку повеќе на воигрување на овие подготовки“, заклучи Лазаров.

Се вчитува...