Лазаров: Уживам четири години во Нант, а сега останувам за да испишам историја

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ја најави четвртата сезона во дресот на францускиот Нант во разговор со реномираниот „Л’Екип“. Лазаров потенцираше дека оваа година има повеќе конкуренција на неговата позиција во клубот.

Легендарниот ракометар не сакаше да ја заврши својата богата кариера пред празни трибини, па одлучи да одигра уште една сезона во францускиот тим.

„Ја продолжив соработката со Нант за да продолжам со играњето на ова ниво и да испишувам историја со клубот. Двапати игравме на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а сега ќе се бориме за шампионатот на Франција и Лига Европа. Веќе четири години живеам една прекрасна приказна во овој клуб и со овие навивачи. И конкуренцијата е силна, посебно сега кога пристигнаа Милан Милиќ и Линус Персон“, вели 41-годишниот ветеран.

Се вчитува...