ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Македонскиот селектор Раул Гонзалес се реши да не направи замена во составот во пресрет на дуелот со Чешка, оставајќи го Кире Лазаров во тимот.
Од медицинскиот тим на „црвено-жолтите“ објавија дека одлуката околу настапот на капитенот ќе биде донесена во текот на денот, но неговото останување меѓу 16-те „воини“ на „ел команданте“ е добар предзнак дека би можело да се случи Лазаров да истрча на теренот во Вараждин за да ја предводи Македонија во битката за нови бодови.
Кире Лазаров ноќта ја мина во Загреб, а во текот на денот ќе пристигне во Вараждин, по што ќе биде донесена и конечната одлука околу неговиот настапп.
На спротивната страна, Чесите направија една замена во тимот, повикувајќи го Петр Шлахта како трет „пикер“ за дуелот со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА