Кире Лазаров имаше многу причини да биде задоволен од изданието на македонсската репрезентација и убедливата победа на гостувањето против Турција
Бодовите од овој меч значат и огромен чекор напред кон пласман на уште еден европски шампионат, но Лазаров е свесен дека нашата селекција ја очекува уште многу работа.
„Сакам искрено од срце да им честитам на момците, не очекував дека можеме да стартуваме така моќно. Беше многу важно да го добиеме овој меч, бевме подготвени за нивната игра и одлично функциониравме. Задоволен сум што успеав да им дадам шанса на сите играчи, да ги проверам на еден ваков официјален натпревар. За работата што ја покажаа во изминатите денови моите ракометари заслужуваат само пофалби. Сепак, наша желба е да стигнеме до првиот ешалон од европскиот ракомет, а за тоа да се случи ни треба уште многу работа“, изјави Лазаров за ЕКИПА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА