Задоволство владее во таборот на македонската репрезентација откако нашите ракометари за ривал во баражот за СП 2027 го добија подобриот од претстојниот двомеч меѓу селекциите на Словачка и на Украина.
Избегнавме далеку посериозни потенцијални противници, така што мора да сме задоволни од епилогот на денешната ждрепка, но селекторот Кире Лазаров предупредува дека „црвено-жолтите“ не смеат да се опуштат бидејќи само со максимално сериозен пристап ќе се оствари зацртаната цел – пласман на уште еден ракометен мундијал.
„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на настапи. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, изјави Лазаров по ждрепката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

