Лазаров: Задоволни сме, ова беше драгоцено искуство за младите играчи

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. место на Светското првенство по поразот од фаворизираната Франција во последниот натпревар од групната фаза на шампионатот.

И покрај поразот задоволство од прикажаното изрази селекторот Кирил Лазаров кој вели дека ова било едно одлично искуство за младите играчи.

„Очекував тежок натпревар против Франција. Франција не не потцени, со 90% играа со своите сили, не сакаа во ниту еден момент да го доведат резултатот во прашање. Се покажа кај нас неискуството. Одигравме во еден страшен ритам, против една ваква Франција игравме на ЕП во Германија. Давате гол, ви враќаат одма, треба да направите измени, а немаме таков концепт. Имаме одлични работи, имаме предности, но и дефекти и таква селекција како Франција ќе ги открие. Жал ми е за неискористените пенали и за чистите позиции. Шести меч против Франција е тешко“, изјави Лазаров.

Потоа ги искажа импресиите од целото првенство.

„Треба да бидеме задоволни севкупно, ги броевме бодовите, и плус натпреварот со Холандија, во нормални услови би биле во егал. Во секој случај едно големо искуство, пред се за младите играчи, еден добар турнир, треба да бидеме задоволни и да учиме доста лекции. Едно големо исксутво за овие млади играчи носејќи се со вакви ѕвезди кои секогаш освојуваат титули“, рече Лазаров.

Се вчитува...