Лажна вест: Костелиќ демантира дека бил извлекуван од лавина!

Во текот на денешниот ден протече информација дека легендарниот хрватски алпски скијач, Ивица Костелиќ бил цел на спасувачка мисија во австрискиот ски-центар Обертауерн, откако лавина затрупала неколку лица по што бил запален алармот на австриските власти.

Тој го демантира ова велејќи дека се наоѓа во австрискиот ски-центар, но со својата фамилија само присуствувале на настанот во кој луѓе биле извлекувани од лавината.

Се вчитува...