Лазиќ со една слика одговори на провокациите на Пантер (ФОТО)

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер предизвика лавина на реакции во кошаркарската јавност во Србија откако на социјалната мрежа „Твитер“ објави порака дека Партизан е тој кој го поставува трендовите во тамошната кошарка алудирајќи на враќањето на Црвена Звезда во „Штарк Арена“.

А, по реакциите на навивачите на „црвено-белите“ се огласи и капитенот на Црвена Звезда кој на „Инстаграм“ објави стори со слика од пред девет години кога 24.232 навивачи на клубот ја преполнија арената за натпреварот против Будивелник.

Се вчитува...