Како ретко до сега, сопственикот на Шкендија, Лазим Дестани се обрати до најверните навивачи на Шкендија но и до целокупната јавност пред вечерашниот натпревар на македонскиот шампион против Карабах во 3. квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Освен силната поддршка за фудбалерите на тимот, Дестани повара максимално коректно и спортско навивање, барајќи од навивачите да не дозволат говор на омраза во ниту една форма. Затоа што спортската култура на сите кои се во и околу Шкендија треба да биде пример за сите.
„Со најголема емоција за досегашните успеси, нашиот сон продолжува. Со голема посветеност и фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите кои ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите“ – вели Дестани во своето обраќање до јавноста и дополнува:

„Денес сите ќе бидеме на трибините на стадионот, пеејќи ги нашите песни на победата и давајќи им поддршка на нашите играчи и стручен штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да не подлегнуваме на провокации. Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не нè претставува и не е дел од нашата култура. Ние, публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч, сме пример покажувајќи го нашиот висок стандард и достоинствено претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде кон победата! Шкендија над сè!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

