Лазо Лечиќ има верба во националниот тим: Да ги поддржиме за да го израдуваат овој народ

Еден од најдобрите македонски кошаркарски тренери, Лазар Лечиќ, не го губи ентузијазмот за омилениот спорт. Тој ги следи и тренинзите на македонската репрезентација која се подготвува за стартот на квалификациите за пласман на следното Европско првенство. Впечатоците на Лечиќ се поволни, тренерот на минатиот век смета дека овој состав има потенцијал и капацитет.

„Навистина сум пријатно изненаден кога пред себе гледам една млада, една полетна екипа. Со голем број на млади репрезентативци. Со млад, стручен тим. Мислам дека имаме одличен состав. Им посакувам успешен старт во квалификациите, да го израдуваат овој наш народ со една победа против Естонија. Сите заедно треба да ги поддржиме овие момчиња“– вели Лечиќ.

Македонската репрезентација в четврток против Естонија ќе го одигра првиот натпревар од циклусот. Дуелот ќе биде деби за новиот селектор, Александар Тодоров.

 

Се вчитува...