Селекторот на женската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, денеска го одржа првиот тренинг во пресрет на завршните натпревари од квалификациите за европското првенство.
По четирите порази во првите четири кола, Македонија овој квалификациски циклус ќе го затвори со домашниот меч против Шведска на 17 ноември и гостувањето против Хрватска на 21 ноември.
Селекторот Лазовски за овој дуел не повика ниту една од натурализираните кошаркарки, па кормиларот на нашиот национален тим ги повика следните репрезентативки: Анџелика Митрашиновиќ, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Софија Лазареска, Александра Стојановска, Ивана Кметовска, Матеа Николиќ, Јована Петрушевска, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Анамарија Шеќероска, Ивона Кожобашиовска и Кристина Јаневска.
Сепак, Тантуровска поради повреда не е во можност да настапи ниту на овие две средби, а крајно неизвесен е настапот и на Јелена Антиќ, која поради повреда денеска не тренираше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА