Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, објави поширок список на кошаркарки кои ќе учествуваат во вториот дел од квалификациите на Европско првенство 2019 година.
Првиот собир ќе биде одржан на 5. февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот во „ВИП“ арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“, а пет дена подоцна репрезентативките ќе го одиграат првиот натпревар, против селекцијата на Хрватска.
Во првиот квалификациски циклус Македонија забележа два порази на два меча, од Италија и Шведска.
СПИСОК:
- Анџелика Митрашиновиќ (Будуќност)
- Ана Тантуровска (Олимпијакос волос)
- Александра Стојановска (Бадел 1862)
- Софија Лазареска (Бадел 1862)
- Нена Трајчевска (Бор)
- Ивана Кметовска (БАМП Попрад)
- Јована Петрушевска (Вардар)
- Цветанка Димова (Бадел 1862)
- Анамарија Шеќероска (Струга 2009)
- Едина Муса (Вардар)
- Славица Наков (Вардар)
- Кристина Јаневска (Вардар)
- Јелена Антиќ (Висла кенпак)
- Ивона Кожобашиовска (Мерцедес Алжеро)
- Матеа Николиќ (Стела Азура)
- Сандра Лазареска (Бадел 1862)
- Тијана Митрева (Мерцедес Алжеро)
- Ивона Пејковска (Вардар)
- Снежана Серафимоска (Небраска колеџ)
- Драгана Петковска (Њубери колеџ)
- Ива Крстевска (Њуман колеџ)
- Криси Гивенс (Авенида)
- Ешли Парис
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА