Денеска во Нион беше одржана ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на Европа, во која фаворитите Ливерпул, Милан и Баер Леверкузен добија на хартија лесни задачи во патот кон 1/4 финалето во ова натпреварување.
Ливерпул и Милан ќе гостуваат во Прага. Ливерпул за противник ја доби Спарта, додека Милан ќе игра против Славија. Баер Леверкузен го доби за противник тимот на Карабах.
Интересно ќе биде на средбата Рома – Брајтон, како и на дуелот Спортинг – Аталанта. Вест Хем, освојувачот на Лигата на Конференции за ривал го доби тимот на Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА